Top Sport

Чудо во НБА, Адебајо постигна 83 поени

Бeм Адебајо одигра еден од најголемите натпревари во историјата на НБА и ги предводеше Мајами Хит со 83 поени во победа над Вашингтон Визардс со 150:129.

Адебајо доминираше од самиот почеток на средбата, ја заврши првата четвртина со 31 поен, на полувремето веќе имаше 43, додека на крајот од третата четвртина стигна до 62 поени.

Од поле шутираше 20/43, од кои 7/22 тројки, и 36/43 од линијата за слободни фрлања.

Неговиот претходен личен рекорд беше 41 поен против Бруклин во 2021 година, а оваа сезона максимум достигна 32 поени.

Во исто време, центарот на Мајами сруши два лигашки рекорди кога станува збор за слободни фрлања во еден натпревар- и по бројот на погодоци и по бројот на обиди.

Рекордот за најмногу реализирани слободни фрлања беше 28, ист ефект имаа и Вилт Чемберлен и Адријан Дантли.

Чемберлен стигна до тие 28 слободни фрлања во историски натпревар во 1962 година, кога постигна 100 поени – сè уште најдобриот настап во историјата на НБА.

Со овој натпревар, Адебајо го престигна својот кошаркарски идол, Коби Брајант, чиј кариерен рекорд беше 81 поен.

Претходниот рекорд на Мајами Хит за поени во еден натпревар го држеше Леброн Џејмс, кој постигна 61 поен против Шарлот Хорнетс на 3 март 2014 година.

Никола Јокиќ од Денвер Нагетс го имаше најефикасниот натпревар во тековната сезона досега со 56 поени.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');