Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, успешно е опериран откако ги скина предните вкрстени лигаменти и надворешниот менискус на десната нога, објави шпанскиот клуб.
Според веб-страницата на клубот, Родриго ќе го започне процесот на рехабилитација во наредните денови.
„Операцијата ја изврши д-р Мануел Лехес под надзор на медицинската служба на Реал Мадрид“, објави клубот.
Бразилскиот фудбалер се повреди на 2 март на натпревар против Хетафе. Шпанските медиуми претходно објавија дека ќе има пауза од неколку месеци и затоа ќе го пропушти Светското првенство.
Реал е на второто место на табелата во шпанското првенство со 63 бода, четири помалку од Барселона.
Вечерва, в Мадрид, Реал ќе го пречека Манчестер Сиит во привот осминафинален натпревар, во Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos.
