Top Sport

Кински: Фудбалот е сурова игра и одеднаш сè тргнува наопаку

Целиот фудбалски свет од синоќа зборува за голманот на Тотенхем, Антонин Кински.

Игор Тудор му даде шанса наместо Гиљермо Викарио на жешкото гостување кај Атлетико Мадрид, но го извади по само 17 минути и две кардинални грешки при резултат 3:0.

Англиските медиуми и аналитичари остро го критикуваа Игор Тудор за оваа одлука. Кински доби поддршка од колегите Џо Харт, Давид Де Хеа и легендарниот Питер Шмајхел.

Утрото по натпреварот, голманот Кински се огласи на социјалните мрежи.

„Како голман сонувате за големи ноќи како оваа, но понекогаш фудбалот е сурова игра и одеднаш сè тргнува наопаку. Јас ја преземам одговорноста за моите грешки. Раното напуштање на играта е болно, а напуштањето на теренот беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Но, исто така знам дека сето ова е дел од фудбалот. Паѓаш, но наоѓаш сила повторно да станеш. Благодарен сум им на моите соиграчи и навивачи кои продолжија да ме поддржуваат дури и во вакви моменти. Вашата поддршка ми значи повеќе од сè. Ви ветувам дека ќе продолжам да работам уште понапорно и дека ќе се вратам и ќе го докажам мојот квалитет“, напиша Кински.

Антонин Кински (22), во Тотенхем пристигна пред 14 месеци од Славија Прага за сума 16.500.000 евра.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');