Фудбалерите на Баер Леверкузен и Арсенал одиграа 1:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Лидерот во Премиер лигата, одигра кукавчки натпревар, за 93 минути игра створија само една вистинска шанса, во првиот дел ударот на Мартинели заврши во гредата.
Немаа можност „тобџиите“ ниту да го искористат најсилното оружје, изведоа само три корнер.
А токму по еден корнер, во 48-та минута, Баер дојде до предност со голот на Андрих.
Арсенал од пораз го спаси поранешниот играч на Баер, Каи Хаверц со гол од пенал в0 89-та минута.
Заслугата за голот на гостите му припаѓа и на Нони Мадуеке, тој всушност заслужува поголем дел од славата, бидејќи неговиот пробив во шеснаесетникот, а потоа падот по стартот на Малик Тилман, беше клучниот момент на натпреварот. И контроверзен.
Дури по прегледот на ВАР, турскиот судија Халил Умут Мелер ја потврди својата првична пресуда, иако дури и по прегледот никој не беше 100% сигурен дека стартот на Тилман бил од таков интензитет.
Foto/ EPA
