Top Sport

Го исклучив Роналдо, потоа никогаш не бев делегиран да му судам на Реал

Поранешен судија објави една од најконтроверзните книги за шпанскиот фудбал, зборува за судиската комисија како „Франкистичка институција“ и со какви последици се соочил кога го исклучил Кристијано Роналдо.

Хавиер Естрада Фернандез, судијата кој со години делеше правда на терените во Примера, реши да го запали фитилот со својата книга „El partido que no ves“ (Натпревар што не го гледаш).

Тој не пишува само за офсајдите, туку и за психолошката војна, воената дисциплина и невидливите казни што следат по „погрешните“ одлуки.

Естрада Фернандез ја обвини судиската комисија на шпанската Примера за „закон на молчење“ и казнување на оние што носат одлуки на штета на најголемите клубови.

Фернандес тврди дека откако Кристијано Роналдо бил исклучен, тој повеќе никогаш не му судел на Реал Мадрид.

„Не мора ништо да ви кажат… но пораката е кристално јасна. Во организацијата на судиите, атмосферата е токсична и владее воена дисциплина, а раководителите на организацијата постојано ги навредуваат судиите.“

Во својата книга, тој го истакнува недостатокот на психолошка поддршка за судиите, додека манипулацијата со ВАР технологијата ја смета за средство за измама на јавноста.

Се присети што му се случи кога на 5. декември 2009 година го исклучи Роналдо. Реал ја победи Алмерија со 4:2, а Робналдо доби жол картон, кога го соблече дресот за го прослави постигнатиот гол, а пет минути подоцна доби уште еден жолт каротн поради удирање на противнички играч

Тврид дека следниот ден добил телефонски повик од судиската комисија. Иако никој директно не му рекол „грешеше“, тој истакнува дека по таа одлука никогаш повеќе не бил делегиран да му суди на Реал Мадрид.

Според Естрада Фернандез, тогашниот претседател на судиската комисија, Санчез Арминио, и му дал до знаење дека не е задоволен бидејќи таа вест ќе биде на сите насловни страници.

Естрада го опиша тоа во книгата, дека на тој начин од судиската комисија им испраќале пораки на судиите, кога ќе донесат одредени одлуки против големите клубови. Тој, исто така, го критикуваше начинот на кој функционираат судиите во Шпанија.

„Судиите немаат никаква психолошка поддршка. Тие се подготвуваат сами, тренираат сами, а на денот на натпреварот се изложени на огромен стрес. Судиите знаат дека секоја одлука во натпреварите на гиганти како Реал Мадрид може да ја одреди нивната понатамошна кариера, што создава потсвесен притисок дека не мора се да судат“.

Иако смета дека ВАР е фантастична алатка, тој остро ја критикува Шпанската фудбалска федерација за начинот на кој се користи.

„Јавноста не ја добива вистината за тоа како се носат одлуките во ВАР собата. Аудио и видео снимките од ВАР собата мора да бидат достапни за јавноста во живо, со цел да се избегнат сомневања за манипулација“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');