Голманот на Лестер Каспер Шмајхел со емотивно писмо, на социјалните мрежи се прости од сопственикот на клубот Вичаи Шриваданапраба, кој во саботата вечерта загина во хеликоптерска несреќа. Покрај Вичаи во несреќата животите ги загубија неговата ќерка, двајцата пилоти и една засега неидентификувана особа.
„Не можам да верувам дека се случува ова. Моето срце е скршено. Не можам да поверувам што видов таа ноќ кога истрчав од соблекувалната, наликуваше на некој филм. Тешко е да објаснам колку ми значеше Бичаи, а уште потешко е да објаснам колку тој му значеше на Лестер. Од клубот створи големо семејство и направи големи работи за целата заедница. Твоите хуманитарни акции Лечестер никогаш нема да ги заборави.“
„Никогаш не сум сретнал човек толку е посветен на својата работа, а е толку добар и искрен. Секогаш ти се восхитувавме како на лидер, но и како на татако, бидејќи така не третираше. Го смени фудбалот и на сите им даде надеж дека во фудбалот се е можно. Постигнавме нешто што никој не можеше да го сонува. Едноставно ги исполни моите сништа. Сепак, најмногу сум горд на твојата визија што ја имаше, што останавме големо семејство.“
„Сега имаме обврска, сите ние, клубот, играчите и навивачите, да ти одадеме почити. Мораме да останема заедно како семејство кое ти го створи. Имаше визија и знаеше дека ништо не е невозможно за нас. Во твоја чест ние мора да продолжиме така. Никогаш нема да знаеше колку ми значеше мене и на моето семејство. Чест ми е што бев дел од твојот живот“, напишал данскиот голман на Твитер.
— Kasper Schmeichel (@kschmeichel1) October 28, 2018