Top Sport

Лапорта убдливо ги доби изборите за претседател

Џоан Лапорта доби нов мандат и во наредниот период ќе биде претседател на фудбалскиот клуб Барселона.

На изборите излегоа 42,34 проценти од „социос“ (членови на клубот), а според анкетите објавени од Мундо Депортиво и ТВ3, Лапорта освои помеѓу 58 и 66,6 проценти од гласовите. Неговиот против кандидат, Виктор Фонт, освои 30,9 отсто од гласовите.

Лапорта едноставно не губи избори. Првпат победи во 2003 година, потоа во 2006 година, а потоа направи пауза од 2010 до 2021 година кога повторно победи, исто така против Фонт и Тони Фрајша.

И сега, пет години подоцна, повторно славеше, во друштво на тренерот на фудбалскиот тим Ханси Флик и многу фудбалери.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');