Top Sport

Алегри: Да бидеме реални, целта на Милан е ЛШ, а не титулата во Серија А

Лацио го победи Милан со 1:0 во 29-то коло од Серија А. Со овој пораз, Милан значително ги намали шансите во ловот на водечкиот Интер, кој сега има осум бода предност. Во случај на победа, Милан можеше да стигне до негатива од пет бода, откако Интер одигра 1:1 против Аталанта во саботата, но голот на Густав Исаксен во 26-та минута го реши натпреварот на „Олимпико“.

„Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар, особено откако навивачите се вратија на стадионот. Се мачевме во првото полувреме, направивме премногу технички грешки. Во второто полувреме, тие го загубија ритамот, а ние игравме подобро, иако не успеавме да постигнеме гол“, рече тренерот на Милан, Масимилијано Алегри и ги истакна целите на Милан до крајот н сезоната.

„Сите зборуваа за шампионската титула, а по ремито на Интер со Аталанта можам да го разберам тоа, но мора да бидеме реални и да се фокусираме на нашата цел, а тоа е Лигата на шампионите. Во спротивно, ќе уништиме сè што градевме со месеци, а тоа не би било добро бидејќи сме на важен пат“, рече тој.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');