Top Sport

Тензии во соблекувалната на Милан по поразот од Лацио

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, морал да интервенира за да ја смири ситуацијата и да спречи ескалација на тензиите меѓу неговите двајца напаѓачи, Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, по поразот од Лацио (0:1).

„Ако барате двајца пријатели кои поминале мирна неделна вечер, не гледајте во нивна насока“, пишува „Газета дело Спорт“.

За време на натпреварот меѓу Лацио и Милан, Леао неколку пати гестикулираше, жалејчи се на одлуките на Пулишиќ затоа што Американецот не му ја подаде топката во две потенцијално опасни акции.

За разлика од она што камерите го забележаа на теренот, во соблекувалната имало многу повеќе тензии. Португалецот, со повишен тон, барал објаснување од Пулишиќ, тензиите ги смирил тренерот Алегри.

„Иако не е сензационален инцидент, тој докажува дека нешто во нападот на Милан не функционира“, се додава во текстот.

Пулишиќ и Леао ретко ги започнуваа натпреварите заедно во првенството: во првото дерби со Интер, дома против Џенова и Лече, и во последните четири натпревари со Парма, Кремонезе, Интер и Лацио. Во тие средби, овој напаѓачки пар постигна само два гола: Пулишиќ против Интер и Леао против Џенова.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');