Top Sport

Флик во Барселона уште најмалку две години

Ханси Флик постигна договор да остане на клупата на Барселона. Договорот е потпишан до јуни 2028 година, објавува Фабрицио Романо.

„Наскоро ќе го потврдиме продолжувањето на соработката со Ханси. Флик се согласи, тој е многу среќен тука“, изјави Жоан Лапорта, првиот човек на Барса.

Ова сценарио беше очекувано, особено по победата на Лапорта на претседателските избори во Барселона.

Германецот седна на клупата на каталонскиот гигант во летото 2024 година. Во првата година ја освои титулата и купот, а во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето.

Барселона е и лидер во шпанското првенство оваа сезона, а во Лигата на шампионите се бори за место во четвртфиналето.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');