Реал Мадрид наводно планира голема летна реконструкција на тимот по турбулентната сезона, а дури шест играчи од првиот тим би можеле да го напуштат клубот.
Шпанскиот гигант, кој го отпушти тренерот Чаби Алонсо во јануари, заостанува четири бода зад лидерот Барселона во Ла Лига, загуби од својот најголем ривал во финалето на шпанскиот Суперкуп и испадна од Албасете во Купот на Кралот.
Алонсо беше заменет од Алваро Арбела, но дури и под негово водство резултатите се променливи. И покрај сè, стои надежта за трофеј во шпанското првенство, а тука е и сонот за титулата во Лигата на шампионите, во која Реал има предност од 3:0 против Манчестер Сити пред реваншот од осминафиналето.
Според медиумите, Реал драстично ќе го преобликува тимот за да се врати на победничките патеки, а на списокот на играчи кои би можеле да си заминат има шест имиња.
Можни заминувања:
Давид Алаба (33, одбранбен играч)
Антонио Ридигер (33, одбранбен играч)
Дани Карвахал (34, десен бек)
Едуардо Камавинга (23, среден играч)
Ферланд Менди (30, лев бек)
Фран Гарсија (26, лев бек)
Најголемото изненадување на листата за многумина е Камавинга, 23-годишен играч од средниот ред, кој се сметаше за иднината на Реал и француската репрезентација.
Според „Марка“, Реал е подготвен да го пушти доколку пристигне понуда од најмалку 50 милиони евра. Французинот пристигна во Мадрид во 2021 година од Рен како 18-годишник во трансфер вреден околу 40 милиони евра.
Foto/ depositphotos
