Top Sport

Фурније го изрешета Фенербахче

Еван Фурние го одигра најдобриот натпревар во својата кариера во Евролигата и го предводеше Олимпијакос до убедлива победа од 104:87 над Фенербахче.

Францускиот бек постигна 36 поени и беше клучен фактор во триумфот на грчкиот тим, кој на тој начин стигна до резултат од 21-11 и го задржа второто место на табелата, веднаш зад Фенербахче (22-9), кој по девет последователни победи во Евролигата сега запиша два порази по ред, против Црвена звезда и Олимпијакос.

Фурније помош доби од Саша Везенков, кој додаде 24 поени, додека Тален Хортон-Такер беше најефикасен на другата страна со 30 поени, но тоа не беше доволно за гостите да избегнат пораз.

Натпреварот беше специфичен и затоа што некои играчи немаа право на настап, бидејќи овој меч беше одложен пред два месеци. Олимпијакос не можеше да смета на Монте Морис, Кори Џозеф и Тајрик Џонс, додека Фенербахче ги немаше Крис Силва и Нандо Де Коло.

Покрај тоа, турскиот тим беше дополнително ослабен поради отсуството на повредените Николас Мели, Девон Хол и Микаел Јантунен.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');