Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија одличната серија и ја забележаа седмата последователна победа, откако ги победија Хјустон Рокетс со 124:116. Ова е десетта победа за Лејкерс во последните 11 натпревари, а интересно е што го победија истиот тим два дена претходно со 100:92.
Лука Дончиќ се истакна со 40 поени, 10 асистенции и девет скока. Поддршка доби од ветеранот Леброн Џејмс, кој додаде 30 поени и одигра еден од најефикасните натпревари во неговата кариера.
Џејмс го заврши натпреварот со импресивни 13/14 од поле, израмнувајќи го својот најдобар шутерски меч во кариерата.
Со пет скока, тој достигна вкупно 12.002 во кариерата, станувајќи само 23-ти играч во историјата на НБА кој ја надминал границата од 12.000.
На спротивната страна, Алперен Шенгхун ги предводеше Рокетс со 27 поени и 10 асистенции, Амен Томпсон додаде 26 поени и 11 скока, додека Кевин Дурант го заврши натпреварот со 18 поени и шест скока.
НБА, резултати:
Бостон Селтикс – Голден Стеј Вориорс 120:99
Брулин Нетс – Оклахома Тандер 92:121
Индијана Пејсерс – Портланд Блејзерс 119:127
Чикаго Булс – Торонто Репторс 109:139
Минесота Тимбервулвс – Јута Џез 147:111
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Клиперс 124:109
Далас Маверикс – Атланта Хокс 120:135
Мемфис Гризлис – Денвер Нагетс 125:118.
