Фудбалерите на Сандерленд го победија Њукасл со 2:1 како гости во 31-то коло од Премиер лигата.
Ова беше 158-то „Тајн-Вир“ дерби, дуел меѓу локалните ривали и осма победа на „црните мачки“ против „страчките“ во последните девет натпревари. Њукасл по дебаклот против Барселона (7:2), во Лигата на шампионите, доживеа уште еден шок.
Херој на големата победа на гостите на „Сент Џејмс Парк“ беше Брајан Броби во 90-та минута.
Силниот напаѓач на Сандерленд се проби пред голот на домашниот тим по интервенцијата на голманот на Њукасл и ја смести топката во мрежата.
Претходно Њукасл со голот на Гордон, по големата грешка на О’Најн имаше предност, а пресвртот во вториот дел го најави Талби.
Тоа беше и знак за целосно лудило во делот од стадионот каде што се наоѓаа најжестоките навивачи на „црните мачки“.
Вечерва во Сандерленд ќе биде луда прослава.
Гостите можат да бидат горди и на фактот дека во„Тајн-Вир“ дербито не се поразени на последните 11 натпревари, што е најдолгата серија без пораз на еден од тимовите во историјата на меѓусебните дуели.
