Top Sport

Синер сруши рекорд на Ѓоковиќ

Јаник Синер ја продолжува својата доминација, во Мајами официјално влезе во историјата, го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ за број на последователни освоени сетови на турнирите од Мастерс серијата.

Со победата над Корантен Муте во Мајами (6:1, 6:4), Синер стигна до 26 последователни сетови на ова ниво, надминувајќи ја серијата на Ѓоковиќ од 24 од 2016 година.

Синер ја започна серијата минатата есен во Париз, каде што ја освои титулата без да изгуби сет, а потоа го стори истото и во Индијан Велс. Серијата продолжи во Мајами, каде што прво ги победи Дамир Џумхур, а потоа и Муте за историски рекорд.

Против Французинот тој наметна ритам од самиот почеток и брзо го реши првиот сет, додека во вториот имаше повеќе борба, но еден брејк му беше доволен за триумф во два сета.

Во осминафиналето, Синер ќе игра против Американецот Алекс Микелсен, кого го победи двапати минатата година.

Листата на најдолгите низи на Мастерс сега изгледа вака: Синер (26), Ѓоковиќ (24), Алкарас (21), додека зад нив се Ѓоковиќ и Мари со пократки низи.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');