Макс Ферстапен исфрли новинар од својата прес-конференција пред Големата награда на Јапонија. Возачот на Ред Бул одби да започне разговор со претставници на медиумите во Сузука во четврток откако го забележа Џајлс Ричардс од „Гардијан“ меѓу новинарите, пишува Би-Би-Си.
„Нема да зборувам додека не си замине“, реќе Ферстапен.
Ричардс праша дали Макс е сериозен и дали се однесува на прашањето што му го постави на прес-конференцијата по последната трка од минатата сезона во Абу Даби.
На секое од прашањата на Ричардс, Ферстапен одговори со кратко „Да“, а потоа додаде: „Излези“.
Откако Ричардс ја напушти просторијата, Ферстапен рече: „Сега можеме да започнеме“.
Ставот на Ферстапен кон Ричардс произлегува од прашањето што му го постави британски новинар по трката во Абу Даби минатата година. Холанѓанецот победи, но го загуби шампионатот со два бода помалку од Ландо Норис од Мекларен.
Ричардс го праша Ферстапен по трката дали се кае за инцидентот со Џорџ Расел од Мерцедес на Големата награда на Шпанија во јуни истата година.
Впечатокот е дека Ферстапен намерно се судри со Расел, за што доби казна од десет секунди, поради што во поредокот од петтото падна на 10-то место. Тој инцидент го чинеше девет поени.
Ферстапен, тогаш му одговори на Ричардс.
„Забораваш сè друго што се случи во мојата сезона. Само ја споменуваш Барселона. Знаев дека ќе дејде и то тоа.Сега ми се смешкаш глупаво. Не знам. Да, тоа е во крајна линија дел од трките. Живееш и учиш. Шампионатот има 24 трки. Добив многу рани божиќни подароци во вториот дел од сезоната, па можеш и тоа да го доведеш во прашање.“
Foto/ depositphotos
