Турските фудбалери се пласираа во финалето на баражот за плсман на Светското првенство.
Екипата на Винченцо Монтела ја победи Романија (1:0) на стадионот на Бешикташ во Истанбул.
Победничкиот гол го постигна Ферди Кадиоглу во 53-та минута, по одличната асистенција од Арда Гулер.
Првотимецот на Реал испрати одлична длабока топка зад одбраната на гостите, Кадиоглу убаво ја прифати и ја протна низ нозете на Јонут Раду.
OH QUEL BALLON D’ARDA GÜLER POUR FERDI KADIOGLU 🇹🇷 pic.twitter.com/GwWMqVqVXU
— Le Football en VOD LXXX (@le_lxxx8228) March 26, 2026
Интересен натпревар беше виден на Босфорот, Романија немаше ниту еден удар кон голот, но во првото полувреме ја погоди пречката, а во второто полувреме ја погоди стативата на голманот Чакир.
Турците беа доминантни, се закануваа почесто, Јилдиз исто така ја погоди пречката, имаше повеќе можности за домашните, кои се наметнаа од првата минута и релативно рутински стигнаа до триумфот.
На 31 март се очекува Турција да гостува во Братислава или Приштина.
Победникот од „Патеката Ц“ на СП ќе играат во група со Америка, Парагвај и Австралија.
