Top Sport

(Видео) Франција на американска почва го победи Бразил

Франција го победи Бразил со 2:1 во пријателски натпревар одигран во Фоксборо, во близина на Бостон.

Натпреварот започна со мајсторијата на Килијан Мбапе, кој избега од одбраната на „кариоките“, а потоа ја „боцна“ топката преку Едерсон.

Работите се искомплицираа за „триколорите“ во 55-та минута, кога Дајо Упамекано доби директен црвен картон, поради груб старт врз Весли Франко, како последен играч.

Тоа не ги спречи Французите да го удвојат водството само 10 минути подоцна. Одлична транзиција, асистенција од Михаел Олисе за Уго Екитике.

Во 78-та минута, Бремер беше најснаодлив во шеснаесетникот на Франција, а истиот играч имаше волеј за израмнување во судиското продолжение, но овој пат беше непрецизен. Винисиус исто така имаше одлична шанса во судиското продолжение, но немаше промена на резултатот.

Бразил го очекува натпревар против Хрватска на 1 април, додека Франција ќе игра против Колумбија два дена порано.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');