Top Sport

(Видео) Денвер го победи Голден Стејт, Јокиќ има најмногу скокови и асистенции во НБА лигата

Денвер Нагетс ги победија Голден Стејт Вориорс (116:93) дома, што е нивна шеста победа по ред. По победата над Торонто, Портланд, Феникс, Далас и Јута, пред Јокиќ и екипата паднаа и Вориорс.

Првиот дел од натпреварот му припадна на Голден Стејт. Благодарение на тројките на Брендин Подзиемски и Кристапс Порзингис, тие имаа водство од 13 поени, а на полувремето заминаа со седум поени повеќе.

Сепак, следеше феноменална трета четвртина од страна на Нагетс. За 12 минути тие постигнаа 40 поени, а Вориорс само 21. Во последната четвртина влегоа со предност од 12 поени и лесно го заклучија натпреварот.

Јокиќ имаше 10 поени, 5 скока и 4 асистенции во клучната трета четвртина. Пред последната четвртина, тој имаше 25 поени, 13 скока и 8 асистенции, но не ја продолжи својата чудесна серија на трипл-дабл, бидејќи тренеротт Дејвид Аделман реши да го одмори во последната четвртина, па Јонас Валанчиунас влезе наместо Јокиќ.

Во финишот на регуларната сезона, Јокиќ повторно има трипл-дабл просек. Тој има 27,9 поени по натпревар, седми е во НБА лигата, додека е најдобар по бројот на скокови (12,8) и асистенции (10,8) по натпревар.

Јокиќ го заврши натпреварот со 25 поени, 15 скока и 8 асистенции за 36 минути на паркетот. Шутираше 10/20 од поле, 4/8 за три поени, го погоди единственото слободно фрлање.

Јокиќ поддршка доби од Џамал Мареј со 20 поени, 6 скока и 7 асистенции.

Вориорс ги предводеа Подзиемски и Порзингис со по 23 поени. Дрејмонд Грин додаде 13 поени и 8 асистенции. Голден Стејт беше значително ослабен поради отсуството на Стефен Кари, кој го пропушти 25-от натпревар поради повреда на коленото.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');