Top Sport

Бенитез добил луда понуда од Кина

Рафа Бенитез ја одработува последната година од четри годишниот договор со Њукасл. Екипата на Бенитез, во првите десет кола, нема забележано ниту една победа и прашање е дали тој ќе остане во клубот до крајот на договорот.

И покрај лошите резултати, позициите на Бенитез се сигурни, а се шпекулира дека тој нема да остане на „Сент Џејмс парк“, по завршувањето на сезоната.

Медиумите во Англија пишуваат дека менаџерот на Њукасл добил богата понуда од еден кинески клуб што тешко ќе може да ја одбие. Шангај СИПГ, наводно на Бенитез му понудил одишна плата од 10 милиони фунти.

Инаку Шангај СИПГ, на три кола до крајот на кинескиот шампионат, се наоѓа на првото место, со два бода повеќе од најблискиот конкурент.

Тренер на овој тим е Виктор Переира.

Scroll to Top