Top Sport

Роналдо побарал Јувентус да го донесе Ракитиќ

Кристијано Роналдо, постигна два гола против Емполи, со кои Јувентус победи 2:1, со што покажа дека полека влегува во препознатливата форма. Португалецот, иако во тимот е само неколку месеци, веќе има големо влијание во она што се случува кај „старата дама“.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Роналдо вее им сугерирал на челниците кои двајца фудбалери треба да ги донесат во наредните преодни рокови.

Не е тајна дека Португалецот сака да игра во Јувентус заедно со својот голем пријател од Реал, Марсело. Трансферот на Марселона ќе зависи од тоа дали Јувентус ќе успе да го продаде Алекс Сандро.

Вториот играч кој го посочил Роналдо е неговиот некогашен ривал до Барселона, Иван Ракитиќ.

Хрватот, вчера, блескаше во дербито против Реал, а неговиот евентуален трансфер зависи од Пол Погба.

Барселона покажува интерес за Погба и доколку овој трансфер биде реализиран, тогаш е јасно дека Ракитиќ ќе биде вишок во Барселона, што ќе ја отвори можноста тој да се пресели во Јувентус.

Scroll to Top