Францускиот кошаркар Виктор Вембањама го постигна најбрзиот дабл-дабл во историјата на НБА, во победата на неговиот тим Сан Антонио над Чикаго Булс (129:114) во ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Лидерот во трката за МВП го заврши натпреварот со дури 41 поен и 16 скока, а достигна двоцифрен број во овие две статистички категории на почетокот на втората четвртина.
Поточно, по осум минути и 31 секунда на паркетот, кога го забележа 10-от скок.
Вембањама го надмина 60-годишниот рекорд, кој го постави Џим Вашингтон во 1966 година. На тогашниот член на Сент Луис Хокс му беа потребни девет минути за дабл-дабл против Њујорк Никс.
Вембањама ги постави темелите за личен рекорд на поени во сезоната, а воедно го оправда фактот дека излезе пред Никола Јокиќ и Шеј Гилџис-Александар на последното рангирање за МВП трката.
Венбањама оваа сезона има просек од 24,2 поени, 11,3 скока и три асистенции.
Во исто време, Оклахома Тандер, по едно продолжение го победија лидерот на Истокот, Детроит со 114:100. Натпреварот го реши Шеј Гилџес-Александер со дури 47 поени (12/19 од поле), но и со дури 25 реализирани слободни фрлања (21 погодено) за повеќе од 40 минути на паркетот. Тој ја продолжи својата серија и сега има 136 последователни натпревари со најмалку 20 поени.
Детроит, овој натпревар го одигра без целата стртна постава, но уште еднаш демонстрираа Пистонси дека се еден од најдобрите дефанзивни тимови во лигата.
Пол Рид се истакна со 21 поен и 10 скока, додека Џавонте Грин додаде 19 во отсуство на Кејд Канингем, Џејлен Дурен, Тобијас Харис, Данкан Робинсон и Ајзеа Стјуарт.
Резултати:
Мајами – Филаделфија 119:109
Атланта – Бостон 112:102
Мемфис – Феникс 105:131
Сан Антонио – Чикаго 129:114
Далас – Минесота 94:124
Јута – Кливленд 113:122
Оклахома – Детроит 114:110
Лос Анџелес Лејкерс – Вашингтон 120:101
