Фудбалерите на Реал Мадрид по одиграните десет рунди во Ла Лига се наоѓаат на деветтото место на табелата со 14 бода. Поради лошите резултат прашање на денот е кога тренерот Хуелн Лопетеги ќе добие отказ. За вечерва, според „Ас“, претседателот на клубот Флорентино Перез закажал итен состанок, по кој ќе биде кои се плановите на клубот.
Во изминатиот период најчесто со Реал се поврзува поранешниот италијански селектор и тренер на Јувентус и Челси, Антонио Конте. Наводно Перез сакал да го постави Конте за тренер бидејќи Италијанецот ќе можел да им го наметне својот авторитет на играчите.
И додека се решава судбината на Лоптеги, статистичарите извадија податок дека Реал вака лош на табелата бил во сезоната 2001/2002. По десет кола, пред 17 години Реал се наоѓал на 11.место.
Таа сезона 2001/2002, Реал ја завршил на третото место, зад Депортиво Ла Коруња и шампионот Валенсија