Top Sport

Фудбалерите на Лестер оддадоа почит на Вичаи (галерија)

Фудбалерите на Лестер сити, заедно со дел од семејството на стадионот „Кинг Пауер“ му оддадоа последна почит на Вичаи Шриваданапраба, сопственикот кој загина во трагична несреќа со хеликотер во саботата навечер.

60-годишниот Вичаи загина со уште двајца патници и двајца пилоти откако хеликоптерот ја загуби контролата откако полета од центарот на теренот на стадионот по ремито на Лестер со Вест хем.

Фудбалерите на „лисиците“ беа на стадионот со дел од семејството на Шриваданапраба, предводено од синот и претседател на клубот, Ајават Топ, оставајќи цвеќиња. Повеќето од фудбалерите беа уште на стадионот кога се случи несреќата, а голманот Каспер Шмајхел беше забележан во солзи веднаш по експлозијата.

Лестер требаше да игра утре против Саутемптон во осминафиналето од Карабао купот, но Фудбалската асоцијација (ФА) и Саутемптон се согласија мечот да биде одложен.

Покрај фудбалерите, околу стадионот има и илјадници навивачи кои се простуваат со омилениот Вичаи, кој ги врати од втората лига и ги направи шампиони од Премиер лигата во 2016 година.

Лестер тагува по човекот кој им ја донесе титулата – Кун Вичаи

Scroll to Top