Top Sport

Леброн стана играч со најмногу победи во историјата на НБА лигата

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, го запиша своето име во историските книги во уште една категорија.

Статистички, Леброн Џејмс е еден од најдоминантните играчи во историјата, не само на Лос Анџелес Лејкерс, туку и на целата НБА.

Во ноќта зад нас, Леброн имаше постигна 14 поени со 5 скока и 6 асистенции во победата на Лејкерс над неговиот поранешен тим, Кливленд Кавалирс (127:110).

Леброн ја забелаже 1.229-та победа во кариерата, со што стана кошаркар со најмногу победи во историјата на НБА.

Тој го сруши рекордот на живата легенда, легендарниот центар на Лејкерс и Милвоки Бакс, Карим Абдул Џабар (роден Лу Алсиндор).

Леброн Џејмс ја игра рекордна 23-та сезона во својата кариера, а ќе наполни 42 години во декември.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');