Навивачите и медиумите го нарекуваат третиот последователен неуспех на италијанската репрезентација во квалификациите системска криза и бараат радикални промени. На оваа тема зборуваше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
„Најголемиот проблем на италијанскиот фудбал е односот помеѓу фудбалската политика и класичната политика. Кога сите би работеле во ист правец, наскоро повторно би биле шампиони на Европа и светот“, рече Чеферин во интервју за „Газета дело Спор“т.
„Можеби италијанските политичари треба да се запрашаат зошто Италија има една од најлошите фудбалски инфраструктури во Европа“, додаде тој.
Според него, Европското првенство во 2032 година, кое треба да го организираат Турција и Италија, е планирано и мора да се одржи, но многу зависи од подготвеноста на стадионите.
„Се надевам дека инфраструктурата ќе биде подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија.“
Foto/ aleksander čeferin
