Францускиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, откри дека сакал да ја напушти репрезентацијата по Европското првенство 2020.
Пред почетокот на Светското првенство, вниманието повторно е насочено кон Килијан Мбапе, главната ѕвезда на актуелниот вицешампион на светот.
Иако е клучен играч за Франција, Мбапе откри дека по неуспехот на Европското првенство во 2020 година, сериозно размислувал за повлекување од репрезентацијата.
Во осминафиналето против Швајцарија, младиот ас не беше прецизен од пенал, што придонесе за елиминација на Французите, а потоадлабоко бил погоден од негативните коментари и навредливите пораки од трибините.
„Почнаа да ме нарекуваат мајмун. Мене најважен ми е националниот тим, а ги ставам луѓето што те фрлаат штом не постигнеш гол на прво место. Тоа многу ми го промени начинот на размислување. Не треба да ги ставаш сите јајца во една корпа, бидејќи веднаш ќе ги земат и ќе ги фрлат. Беше многу сурово за мене. Отидов на одмор и првите неколку дена се чувствував како да сум мртов“, рече Мбапе во интервју за „RMC Sport“.
Францускиот напаѓач откри и дека во тоа време бил блиску до одлуката да ја напушти репрезентацијата.
„Реков дека не сакам да се вратам. Мислев – играм за луѓе што ме сметаат за мајмун ако не постигнам гол. Не можам да играм за такви луѓе. Затоа стигнав до таа точка“, заклучи Мбапе.
Foto/ Depositphotos
