Маките на Реал Мадрид продолжија со засрамувачкиот 5:1 пораз од Барселона во неделата, а капитенот Серхио Рамос имаше посебно лошо попладне. И неочекувано, во негова одбрана застана стариот ривал Жерард Пике.
Рамос, како и секогаш, добиваше погрдни извици од навивачите на Каталонците, кои го нарекуваа „hijo de puta” (кучкин син), а Пике, како што покажува снимката се обидуваше да ги смири и да ги сопре извиците. Спортски потег.
Piqué tells the Barca fans who were cursing Ramos to stop. I love you, @3gerardpique! ?❤ pic.twitter.com/uQC0MhQME7
— Nadyice (@nadyice_) October 28, 2018
Ел Класико во знакот на Луис Суарез! Пукна „петарда“ на „Ноу Камп“ (галерија+видео)