Една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок ќе биде Бразилецот Ерик Беле. 19-годишното момче се смета за најголем талент во Бразил во моментов, поради што го привлече вниманието на најсилните европски клубови.
Од Парма први се јавија, но кога Ливерпул се вклучи во трката, а потоа и европскиот шампион Пари Сен Жермен, стана јасно дека млекарите немаат што да бараат.
Профилот на Ерик Беле особено му се допаѓа на актуелниот европски шампион, односно на тренерот на „Светците“, Луис Енрике. Се очекува најдобриот француски клуб да биде особено активен во летниот преоден рок, намерата е сака значително да го подмлади средниот ред.
Според последните информации од „ESPN“, ПСЖ е подготвен да испрати понуда од 20 милиони евра до бразилскиот клуб за Беле, кој е опишан како „елегантен офанзивен играч за врска со исклучителен преглед на играта“.
Сепак, клубот од Сао Паоло наводно бара двојно поголема сума.
Покрај Пари Сен Жермен, во трката за играчот е и Ливерпул. Од почетокот на годината, Беле има постигнато шест гола и една асистенција на 12 натпревари во сите натпреварувања, играјќи за првиот тим на Палмеирас и нивниот тим до 20 години.
Неговиот договор со клубот важи до 2028 година.
