Австралискиот тенисер Ник Кирјос заработи нови казни поради своето недоично однесување на турнирот во Шангај.
АТП му ги одзеде парите во износ ос 21.085 долари, кои секој играч ги добива за пласман во првото коло на турнирот од серијата 1.000 и доби дополнителна парична казна.
Кирјос е санкциониран со 10.000 долари поради „неспортско однесување“ во дуелот со Стив Џонсон.
Австралиецот, во првото коло, без објаснување го напушти теренот откако го загуби првиот сет во тај-брејк, изнервиран поради судиските одлуки, но потоа тој се извини истакнувајќи дека имал здравствени проблеми.
Овој инцидент се случи само два дена по финалето во Пекинг против Рафаел Надал, кога поради жестоката расправија со судијата Лајани ризикуваше да добие дисквалификација.
Инаку, Кирјос направи скандал и минатата сезона на турнирот во Шангај, кога за време на дуелот со Миша Зверев влезе со расправија со еден навивач. АТП потоа му изрече тринеделна суспензија и парична казна од 16.500 долари. н.ц.