Top Sport

Познати сите европски патници на Мундијалот

Кристијано Роналдо не постигна гол, меѓутоа Португалија се квалификуваше за Светското првенство во Русија во 2018 година, откако во директен дуел со Швајцарија стигнаа до 2:0 победа и до првото место во групата Б.

Јохан Џуру си постигна автогол во 41. минута во Лисабон за да ги доведе Португалците во водство, пред Андре Силва во 57. минута да го запечати пласманот на европските шампиони на Мундијалот. За Швајцарците, кои поголем дел од квалификациите беа на првото место, останува баражот, иако завршија со ист број на поени како Португалците (27).

Холандија ја совлада Шведска со 2:0 благодарение на двата гола на Арјен Робен, но ова не беше доволно „лалињата“ да патуваат во Русија, бидејќи иако имаат ист број на поени, Швеѓаните имаат подобра гол разлика. Ова беше можеби последниот репрезентативен натпревар за Робен. Во групата А, Франција директно се пласира во Русија, откако во последниот меч со 2:1 ја совлада Белорусија.

Во групата Х, се беше јасно уште во претходното коло – Белгија е убедливо прва и ги заврши квалификациите со 4:0 победа над Кипар, додека Грција оди во баражот  по идентичната 4:0 победа над Гибралтар.

Со овие натпревари завршија квалификациите по групи во Европа, и сега се познати сите европски тимови кои ќе играат директно во Русија, но и сите кои го чекаат баражот следниот месец.

Сигурен билет имаат Франција, Португалија, Белгија, Србија, Шпанија, Исланд, Германија, Полска и Англија. Бараж ќе чекаат Грција, Шведска, Северна Ирска, Република Ирска, Италија, Данска, Хрватска и Швајцарија. Словачка беше второпласирана во својата група, но поради најслабиот скор не оди во баражот.

ГРУПА А

Франција – Белорусија 2:1

Луксембург – Бугарија 1:1

Холандија – Шведска 2:0

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: 1.Франција 23, 2.Шведска 19, 3.Холандија 19, 4.Бугарија 13, 5.Луксембург 6, 6.Белорусија 5

ГРУПА Б

Унгарија – Фарски Острови 1:0

Летонија – Андора 4:0

Португалија – Швајцарија 2:0

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: 1.Португалија 27, 2.Швајцарија 27, 3.Унгарија 13, 4.Фарски Острови 9, 5.Летонија 7, 6.Андора 4

ГРУПА Х

Белгија – Кипар 4:0

Естонија – Босна и Херцеговина 1:2

Грција – Гибралтар 4:0

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: 1.Белгија 28, 2.Грција 19, 3.Босна и Херцеговина 17, 4.Естонија 11, 5.Кипар 10, 6.Гибралтар 0

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top