Top Sport

Алисон се сели во Серија А?

Ливерпул, минатиот месец објави дека ќе го задржи голманот Алисон Бекер, но се чини дека Бразилецот има поинакви планови.

Како што објави „Газета дело Спорт“, бразилскиот голман дал зелено светло за трансфер во Јувентус.

Наводно, клубот од Торино и претставниците на Алисон веќе воделе преговори, кои се движат во позитивна насока и се чини дека би можела да се случи соработка.

Управата на „Старата дама“ планира да го замени сегашниот голман Микеле Ди Грегорио со Алисон, со надеж дека Бразилецот ќе биде клучен фактор во борбата за шампионската титула следната сезона.

Алисон играше на 34 натпревари за Ливерпул оваа сезона, прими 36 гола, додека не прими гол во 13 натпревари.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');