Top Sport

ПСЖ ќе го потпише Енрике до 2030 година

Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен.

Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека договорот дури и не бил доведен во прашање и дека Луис Енрике треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона.

Тековниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови.

Луис Енрике пристигна во ПСЖ во летото 2023 година и досега ги освои сите можни трофеи, а најважниот е во Лигата на шампионите минатата сезона.

И сега е на добар пат да ја продолжи својата апсолутна доминација во Франција, но и повторно да го нападне трофејот од Лигата на шампионите.

ПСЖ не можеше да донесе подобра одлука од договор до 2030 година за еден од најдобрите тренери на денешницата.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');