Top Sport

Претседателот на Наполи: Се дава поткуп, за покана во репрезентацијата

Сопственикот и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, упати сериозни обвинувања против Италијанската фудбалска асоцијација и сите оние кои беа дел од механизмот за одлучување кој добива покана за настап во националниот тим.

Новинарот Николо Шира ја објави на социјалната мрежа „X“, изјавата што Де Лаурентис ја даде за американската мрежа „CBS“, во која ги обвини стручните штабови дека земаат пари во замена за повици во репрезентацијата.

„Во Италија, играчите се поканети во репрезентацијата со пари под маса од менаџери: тоа е непрофесионално, но се случува…“ рече првиот човек на „Партенопеите“.

Станува збор за сериозно обвинување за корупција, кое, доколку има докази, бара реакција од полицијата и обвинителството.

Иако Де Лаурентис не понуди докази, ниту разјасни за кои играчи и кои селектори станува збор, претседателот на Наполи беше експлицитен дека постои висок степен на корупција во италијанскиот фудбал на ниво на репрезентација, со цел зголемување на пазарната цена на играчите кои добиваат покана за репрезентацијата.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');