Тотенхем е во напредни преговори со дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон.
Робертсон минатата недела потврди дека го напушта „Енфилд“ по девет години.
Тотенхем сакаа да го доведат 32-годишникот како долгорочно решение во зимскиот преоден рок, но „Црвените“ не сакаа да го пуштат.
Клубот од северен Лондон, има голема желба да потпише договор со капитенот на Шкотска, не е постигнат договор, но преговорите се во напредна фаза.
Многу зависи од тоа дали Тотенхем ќе остане во Премиер лигата.
Тие моментално се на 18-то место на табелата, во зоната за испаѓање, два бода зад Вест Хем.
Foto/ Depositphotos
