Top Sport

Лигата на шампионите прави голема промена од 2027 година

Од сезоната 2027/28, натпреварите во Лигата на шампионите нема да се игарат со топките на германската компанија „Адидас“.

Новиот технички спонзор на најсилното европско натпреварување ќе биде компанијата „Најки“, која ги купи правата за 45 милиони долари годишно.

Оваа американска компанија за спортска опрема соовој потег, се враќа на големата сцена во Лигата на шампионите по 26 години и ќе има можност повторно да ги дизајнира топките со кои клубовите ќе се борат за титулата европски шампион.

„Адидас“ има можност да дизајнира топки од 2001 година, додека финалето следната сезона, кое ќе се игра на стадионот „Метрополитано“, ќе биде последно со нивните топки.

Што се однесува до Лигата на Европа и Лигата на конференцијата, „Кипста“ останува технички спонзор.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');