Top Sport

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут

Тренерот на Борнмут, Андони Ираола, го информирал управниот одбор дека ќе го напушти клубот од југот на Англија на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот.

Шпанскиот стратег ќе го предводи Борнмут во последните шест натпревари во Премиер лигата, а по три години ја напушта клупата „Црешите“.

Неговиот последен домашен натпревар ќе биде против Манчестер Сити на 17 мај, додека сезоната завршува со гостување во Нотингем на „Сити Граунд“.

Борнмут се потруди да го задржи. Преговорите за продолжување на договорот започнаа пред повеќе од 15 месеци, но Ираола сакаше да почека до подоцна во сезоната за поконкретни разговори.

Во меѓувреме, клубот веќе работи на наоѓање нов тренер, а според информациите, три имиња се во игра.

Борнмут моментално е на 11-то место и сè уште има шанса да ја заврши сезоната со историски успех – пласман во Европа. Тимот е на два бода зад седмопласираниот Брентфорд.

Откако пристигна во јуни 2023 година, кога го наследи Гери О’Нил, Ираола стана многу ценет поради неговиот експанзивен и смел стил на игра. Минатата сезона, Борнмут заврши деветти со рекордни 56 поени.

Во текот на оваа сезона, тој мораше да се справи со заминувањата на играчи како што се дефанзивците Дин Хаусен (Реал Мадрид), Милош Керкез (Ливерпул) и Илија Забарњи (ПСЖ). Крилниот напаѓач Данго Уатара (Брентфорд) исто така го напушти клубот во лето, како и напаѓачот Антоан Семењо, кој се приклучи на Манчестер Сити во јануарскиот преоден рок.

Ираола го напушта клубот како еден од најбараните тренери во Премиер лигата, и се поставува прашањето каде ќе ја продолжи својата кариера.

Атлетик Билбао е заинтересиран да го врати Ираола во Баскија, откако Ернесто Валверде ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Ираола помина 12 години во Билбао и одигра повеќе од 500 натпревари за клубот.

Медиумите шпекулираат дека за него се заинтересирани и Кристал Палас, чија клупа ја напушта Оливер Глазнер, односно Манчестер Јунајтед.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');