Top Sport

ГРК Охрид го декласира Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Охрид, прв пат во клупската историја, ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Во првиот натпревар, на Завршниот турнир во Струмица, ГРК Охрид го победи Еурофарм Пелистер со 26:19 (13:7).

ГРК Охрид, изненадувачки, рутински се справи со Пелистер, во првиот полуфинален меч. Охриѓани беа доволно цврсти во одбраната, го имаа на голот одличниот Пилиповиќ, а во ги користеја сите шанси што им и овозможија нивните проивници.

За разлика од Охрид, ракометарите на Пелистер, делуваа незаинтересирано, како да немаа енергија потребна за еден ваков меч.

Со исклучок на поелтните 0:1, Охрид ја имаше предноста во текот на целиот меч. По 10 минути ја создадоа првата сериозна предност (7:3), која потоа само растеше. На полувреме беше 13:7, а дека Пелистер нема што да бара во ова полуфинале беше јасно во 32-та минута, кога на семафорот стоеше 17:8.

Највисоката предност Охриѓани ја имаа во 44-та минута (20:10), потоа и 22:12, по што се опуштија, па му дозволија на Пелистер серија 2:6 за (22:16), но битолчани немаа ниту време, ниту енергија за нешто повеќе.

Јагуриновски и Ѓукиќ со по по пет гола, односно Пилиповиќ со осум одбрани го предводеа ГРК Охрид, кај Пелистер најистакнат беше капитенот Кузмановски со девет голови.

ГРК Охрид, в недела, против победникот од дуелот меѓу Вардар 1961 и Алкалоид ќе се бори за својата прва титула во Купот, додека Пелистер барем уште една сезона ќе почека на трофеј ова ова натпреварување. Последен пат Пелистер го освои Купот во 2005 година.

Foto/ ohridnews.com

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');