Top Sport

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во Струмица, лидерот во Супер лигата го победи Алкалоид со 33:28 (18:16). Противник на црвено-црните, в недела, ќе биде дебитантот во финалните натпревари ГРК Охрид. Охриѓани, во првото полуфинале, чесно го победија Еурофар Пелистер со 26:19 (13:7).

Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Алкалоид, кој играше без Марко Митев и Ѓорѓиев.

Голема борба се водеше во првото полувреме, Алкалоид стекна два гола предност на стартот, црвено-црните се вратија на 5:5, а потоа го презедоа водството. Имаа и 12:9, во еден момент, а на полувреме водеа со 18:16. Николов и Борзаш го држеа во игра Алкалоид во првото полувреме, двајцата постигнаа по четири гола.

Клучната предност тимот на Иван Чупиќ ја стекна во периодот од 35-та до 38-та минута кога стекна предност од ест гола (23:17). Имаа црвено-црните и двоцифрена предност во 45-та минута (29:19), до крајот сепак Алкалоид успеа да ја преполови.

Малус со девет и Тузолана со шест голови го предводеа Вардар 1961, во редовите на Алкалоид се истакна Дамјан Митев со шест.

Foto/ rkvardar.com.mk

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');