Top Sport

Орландо и Феникс во плејофот

Орландо Меџик и Феникс Санс ќе играат во плејофот на НБА шампионатот по не толку интересните натпревари од плејофот, одиграни во ноќта помеѓу петок и сабота. Орландо го декласираше Шарлот со 121:90 и сега има следи серија против фаворизираниот Детроит, додека Феникс го победи Голден Стејт со 111:96, па во четвртфиналето од плејофот ќе се сретнат со Оклахома Сити Тандер.

Паоло Банкеро постигна 25 поени, а Орландо водеше со 35 поени, па може да се каже дека Орландо лесно ги победија Шарлот Хорнетс во решавачкиот натпревар од плеј-ин турнирот.

Меџик така го обезбедија осмото место во Источната конференција и ќе се соочат со првопласираниот Детроит во серија од четири победи што започнува во недела, во Детроит.

Орландо водеше со 31 поен на полувремето, тоа е најголема предност на полувреме од седумгодишната историја на плејинот.

Ламело Бол, за кого НБА рече дека требало да биде суспендиран во победата над Мајами во вторникот, поради недосуден фаул врз Бама Адебајо, ги предводеше Хорнетс со 23 поени, од кои 21 во третата четвртина.

Меџик беа елиминирани во првото коло од плејофот во последните две сезони и не победија во плејофот од 2010 година. Но, оваа сезона тие имаа резултат 2:2 против моќните Пистонс.

Хорнетс, кои ги победија Меџик во последните три натпревари од регуларната сезона, немаат пласман во плејофот од 2016 година. Тоа е најдолгата активна суша во НБА.

Џејлен Грин постигна 36 поени, Девин Букер 20, а Феникс Санс ги победија Стеф Кари и Голден Стејт Вориорс со 111:96.

Санс, го освоија осмото место во плејофот на Западната конференција и ќе се соочат со актуелниот шампион на НБА, Оклахома Сити Тандер, во првиот натпревар во недела. Сезоната е завршена за Вориорс.

Грин шутираше 14 од 20 од поле, вклучувајќи 8 од 14 тројки. Џордан Гудвин постигна 19 поени, имаше девет скока и беше вистинска закана во одбраната со шест украдени топки. Букер и Дрејмонд Грин од Голден Стејт добија по две технички грешки кон крајот на четвртата четвртина по жестока расправија и беа исклучени.

38-годишниот Кари не можеше да погоди лесни шутеви и заврши со 17 поени со 4 од 16 шут од игра. Брендин Подзиемски ги предводеше Вориорс со 23 поени.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');