Top Sport

Трагедија на тренинг, возач загина додека Ферстапен се подготвуваше да излезе на патеката

Светот на автомобилизмот го потресе веста за страшната несреќа на легендарната патека Нирбургринг, во која животот го загуби искусниот шведски ас Јуха Миетинен (67).

За време на официјалниот тренинг за претстојната трка на издржливост, се случи верижен судир на неколку супер автомобили што заврши фатално за шведскиот возач, додека шест други учесници завршија во болница.

Како што објави „Гардијан“, актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, речиси се најде во епицентарот на настанот. Во моментот на несреќата, тој беше во својот автомобил на самиот излез од боксот, подготвен да го започне својот круг, но црвеното знаме го запре во последната секунда.

Дирекцијата на трката веднаш реагираше, запирајќи ја целата активност на патеката за да им овозможи пристап на спасувачките екипи. Иако службите за итни случаи пристигнаа до остатоците во рекордно време, повредите на Миетинен биле премногу тешки.

Лекарите во медицинскиот центар вложија максимални напори и се обидоа со реанимација, но набрзо можеа само да ја констатираат смртта на шеесет и седумгодишниот возач.

Што се однесува до другите шест возачи кои учествуваа во овој верижен судир, тие по укажаната прва помош на патеката биле пренесени во блиските болници. Според последните информации од организаторите, ниту еден од нив не е во животна опасност и беа задржани само на детални превентивни прегледи.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');