Top Sport

Шортс го однесе ПАО во плејофот

Кошаркарите на Панатинаикос го победија Монако со 87:79 во плејин натпреварот во Евролигата.

Патанаикос лесно го победи Монако пред своите навивачи во Атина и влезе во плејофот од седмата позиција, па затоа имаат натпревар против Валенсија.

Монако ќе се бори за осмата позиција, последна во плејофот, и ќе игра против подобриот тим од дуелот помеѓу Барселона и Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во петок.

Херој на Панатинаикос беше Ти Џеј Шортс. Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со 21 поен со 3 скока и 2 асистенции, додека Кенет Фарид имаше 13 поени и 8 скока, двоцифрен беше и Никос Рогавопулос 11.

Мајк Џејмс одигра „брутален“ натпревар, беше најефикасниот поединец вечерва со 25 поени, 5 скока и 7 асистенции, а единствениот со двоцифрен број поени кај Монако, беше Алфа Дијало со 12 поени.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');