Бекот на Голден стејт Вориорс, Клеј Томпсон, не се прослави во првите седум натпревари во новата сезона, погоди само пет тројки, но лошата шутерска форма ја „наплати„“ на натпреварот против Чикаго.
На натпреварот против Чикаго, Томпсон постигна 36 поени само во првото полувреме. Тој постигна десет тројки во првото полувреме, што е нов рекорд во лигата, а Вориорс во овој период го подобрија рекордот на франшизата со 17 погодени тројки.
Томпсон го подобри рекордот на соиграчот Стеф Кари, бидејчи на овој меч постигна 14 тројки.
Клеј Томпсон против Чикаго одигра една од најдобрите индивидуални партии во историјата на лигата, а бројките го потврдуваат тоа. Томпсон за 27 минути игра успеа да постигна 52 поени (14/24 за три).
Headband Klay, record breaker. ? pic.twitter.com/bHihhFbCh7
— theScore (@theScore) October 30, 2018
Поради ваквата негова игра неверојатен е и резултатот, Вориорс на полувреме имаа предност 90:52, а на крајот победија 149:124.
Инаку, најмногу поени на еден натпревар во кариерата Томпсон постигнал на 5.декември 2016 година, кога на Индијана Пејсерс им уфрлил 60 кошеви.