Top Sport

КК Будуќност се интересира за поранешниот македонски репрезентативец

Кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица, покажува интерес за Американецот со македонски пасош, Џордан Тиодор, објави специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“.

Според овој извор, играчот кој минатата сезона го носел дресот на Армани Милано, сега е без клуб, а сакал да игра во тим што се натпреварува во Евролигата. Покрај Будуќност за Тиодор интерес покажувале Дарушафака и Лимож.

Исто така тој имал и неколку понуди од Кина, меѓутоа негов приоритет бил да остане во европската кошарка.

Покрај Тиодор, Будуќност се интересира и за поранешниот бек на Сан Антонио Спарс Брендон Пол.

КК Будуќност има лош старт во сезоната, во АБА лигата, каде што ја брани титулата има два порази во првите пет кола, а во Евролигата каде што дебитира се уште е без победа по четири одиграни натпревари.

Scroll to Top