Фудбалерите на Реал Мадрид, Арда Гулер и Едер Милитао, ќе отсуствуваат од теренот до крајот на сезоната поради повреди, објави денес шпанскиот весник „Марка“.
Гулер има проблем со тетивата на десната нога, а Милитао со левата нога, а двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес во вторникот.
Клубот, објави дека повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и дека неговиот настап на овогодинешното Светско првенство за Бразил сега е „неизвесен“.
„Случајот на Гулер е различен и тие се уверени дека неговото закрепнување напредува добро и дека ќе биде подготвен за Светското првенство. Тој е редовен стартер за Турција и никој не очекува да го пропушти“, вели „Марка“.
Бразилскиот стопер одигра само 21 натпревар за Реал Мадрид оваа сезона поради проблеми со повреди, додека 21-годишниот Гулер, кој игра на крилната позиција, има вкупно 50 настапи и постигнато шест гола за шпанскиот клуб оваа сезона.
Реал Мадрид е втор на табелата во шпанската Примера со 73 бода, девет помалку од првопласираната Барселона, додека неговиот настап во Лигата на шампионите заврши со пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето.
Foto/ Depositphotos
