Top Sport

Мурињо демантира дека се враќа во Реал

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги негираше гласините дека преговара со Реал Мадрид.

Со денови името на трофејниот Португалец се поврзува со поранешниот клуб, како еден од кандидатите со искуство на кои се фокусира претседателот на „Кралскиот клуб“, Флорентино Перес.

„Никој од Реал Мадрид не ме контактирал. Ви го гарантрам ова! Толку години сум во фудбалот, навикнат сум на такви гласини, но немаше никаков повик од Реал Мадрид“, изјави Мурињо за португалската „А Бола“.

Мурињо има договор со Бенфика до крајот на следната сезона, но и клаузула за откуп, за која се шпекулираше дека Реал ќе ја активира.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');