Бернардо Силва (31), легендата на Манчестер Сити, по девет години во клубот, се сели во Барселона.
„Бернардо Силва е 80 проценти во Барселона. Играчот постигна договор и прифати значително пониска плата од онаа во Сити. Околу 60 проценти пониска“, објави каталонскиот инсајдер Микел Бласкез.
„Остануваат да се решат само неколку детали и Ханси Флик ќе ја донесе конечната одлука. Како што стојат работите, Флик го сака Бернардо, но само ако играчи од средниот ред како Марк Касадо или Томи го напуштат тимот. Освен Силва, не се очекуваат дополнителни засилувања во средниот ред. Заминувањата ќе бидат сигурни. Доколку нема големи изненадувања, Бернардо Силва ќе стане новиот играч на Барселона“.
Силва одигра 454 пати за Сити, постигна 76 гола и забележа 77 асистенции. Освои шест англиски титули, два ФА купа и пет Лига купа. Пред три години ја освои Лигата на шампионите.
Претходно освојуваше титули со Бенфика и Монако, од каде што се пресели во Сити во 2017 година за отштета од 50 милиони евра.
Foto/ Depositphotos
