Минесота и Њујорк и Њујорк со победи ги отворија конференциските полуфинални натпревари. Минесота, во драматичен натпревар направи брејк во Сан Антонио, победи со 104:102, додека Њујорк ја декласира Филаделфија со 39 поени разлика.
Минесота во драматичен меч победи во Тексас и покрај тоа што Виктор Вембањама одигра историски натпревар. Францускиот центар забележа трипл-дабл со 11 поени, 15 скокови и дури 12 блокади.
Вемби влезе во историјата како еден од ретките играчи кои постигнале трипл-дабл во плејофот со двоцифрен број блокади. Само двајца пред него успеале да го направат тоа од 1973/74 година.
Кај Минеоста се врати Ентони Едвардс, одигра одличен меч, постигна 18 поени за 25 минути. Најефикасен беше Џулиус Рендл со 21 поени и 10 скока.
Серијата продолжува во Тексас, а вториот натпревар е закажан за ноќта помеѓу среда и четврток.
Кошаркарите на Њујорк Никс славеа во првиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција со 137:98. Никс имаа апсолутна доминација во овој натпревар, каде што беа подобри од Филаделфија во секој аспект од играта, имаа 39 скока и дури 34 асистенции, додека најголемата разлика ја направија со шутот за три поени.
Постигнаа дури 19 тројки од 37 обиди, што беше една од главните причини за оваа убедлива победа.
За Никс, Џејлен Брансон постигна 35 поени (3/6 3п), додека Ануноби постигна 18 поени, а Харт и Таунс додадоа по 17 поени.
Од друга страна, Пол Џорџ беше најефикасен со 17 поени, додека Џоел Ембиид имаше 14 поени.
