Top Sport

Вардар 1961 со победа ја заврши сезоната во Лига Европа

Ракометарите на Вардар 1961 со победа ја завршија сезоната во Лига Европа. Црвено-црните во реваншот го победија Монпелје со 27:24, недоволно да се надомести поразот од 10 гола во првиот меч.

Вардар 1961 одигра брилијантен натпревар, со многу темпо и одличниот Влах на голот. На полувремето црвено-црните ја преполовија предноста на Монпелје (17:12).

Првиот дел го обележа исклучувањето на Митровиќ. Српскиот репрезентативец грубо играше против Валентан Порт. Францускиот репрезентативец остана да лежи на теренот.

Во вториот три пати имаа предност од седум гола, но беа жртви на сопственото темпо, во последните 10 минути, монпелје успеа да избори пристоен пораз.

Ваках блескаше на голот со 18 интервенции, Гогов одбрани два удари од седум метри, Малус постигна шест, а Воркапиќ четири гола.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');