Контроверзна ситуација го одбележа реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и ПСЖ (1:1), кога на домаќините не им беше досуден пенал и покрај очигледното играње со рака на Жоао Невеш.
Иако на почетокот се чинеше дека Баерн е оштетен, судијата Жоао Пињеиро донел правилна одлука врз основа на помалку познато правило. Спорниот момент се случи во 31-та минута кога Парижаните водеа со 1:0. Погледнете ја ситуацијата ТУКА.
По шутот на Јосип Станишиќ, голманот Сафонов несмасно ја одби топката, а Витиња, во обид да ја исфрли, ја шутна во раката на соиграчот Жоао Невеш. Играчите на Баерн веднаш го опколија судијата барајќи најстрога казна, но Пињеиро остана на својата одлука, а немаше никаква интервенција од ВАР собата.
Иако топката несомнено го погоди Невес во раката, според правилата на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), не се смета за фаул ако топката ја погоди раката на играчот откако неочекувано ќе биде одбиена од соиграч.
Исклучок од ова правило важи само ако топката последователно заврши во голот или ако играчот веднаш постигне гол, што не беше случај овде.
Затоа, и покрај негодувањето, одлуката на судијата беше правилна. Одлуката сепак предизвика чудење, а новинарот на „Скај спортс“, Сем Блиц, ја нарече „несфатлива“, додавајќи дека ваквите случаи оваа сезона во Лигата на шампионите обично се санкционираат со пенал.
Foto/ EPA
